Отварање на нова година

Објавено на 23.12.2025

Ви посакуваме многу успеси во наредната година и воедно сакаме да ве информираме за начинот на отворање на нова година во нашиот програм.


Кога да креирате нова година?

Новата година може да се креира на крајот од последниот работен ден во 2025 година или на почетокот на првиот работен ден во 2026 година.


Подготовка пред отворањето:

  • Проверете ги количините на артиклите
  • Препорачуваме да направите попис и доколку има отстапувања, истите да се корeгираат


Процедура за креирање нова година:

По најавата во програмот, во менито во горниот дел од прозорецот изберете:
„Отвори нова година“ → „Нова година“




Што се случува после креирањето?

По креирањето на новата година, автоматски ќе се креира прием по „Пописна листа“ за сите артикли кои се на залиха.


Во текот на изминатата година, со Артема се креирани повеќе од 40.000 фактури, а испечатени се над 500.000 сметки.

Благодарение на бројните сугестии од ваша страна, значително ја подобривме функционалноста на програмот. Доколку имате нови идеи кои би придонеле за дополнителни корисни функционалности, Ве молиме да ни испратите е-маил, со цел истите да ги земеме предвид при идните надградби.


Ви посакуваме уште поголеми успеси во 2026 година! Благодарни сме за вашата доверба и соработка.